СЕАФ 2 фондот е формиран и наскоро ќе започне со инвестиции во земјата, соопшти извршниот претседател и ко-основач на СЕАФ, Хуберт Ван дер Варт. Формирањето на фондот беше најавено лани на првиот Глобален инвестициски самит на „Македонија 2025", а веќе кон крајот на годинава, оваа идеја ќе се реализира. Го имаме првиот договор и првите пари веќе стигнаа, ќе почнеме со инвестиции, имаме една интересна фирма и ќе помогнеме за од еден до два месеци да објавиме дека постои оваа инвестиција, СЕАФ 2 е дојден во Македонија, капиталот за ризични инвестиции е дојден и се надеваме дека со проширувањето на инвестициите ќе се проширува и фондот. Фондот досега ги собрал потребните средства за инвестиции, а има и приватни фирми и инстутиции кои дополнително ќе придонесат за собирање на средствата.
СЕАФ 2 фондот е формиран и наскоро ќе започне со инвестиции во земјата, соопшти извршниот претседател и ко-основач на СЕАФ, Хуберт Ван дер Варт.
Формирањето на фондот беше најавено лани на првиот Глобален инвестициски самит на „Македонија 2025", а веќе кон крајот на годинава, оваа идеја ќе се реализира.
„Го имаме првиот договор и првите пари веќе стигнаа, ќе почнеме со инвестиции, имаме една интересна фирма и ќе помогнеме за од еден до два месеци да објавиме дека постои оваа инвестиција, СЕАФ 2 е дојден во Македонија, капиталот за ризични инвестиции е дојден и се надеваме дека со проширувањето на инвестициите ќе се проширува и фондот", изјави Ван дер Варт.
Фондот досега ги собрал потребните средства за инвестиции, а има и приватни фирми и инстутиции кои дополнително ќе придонесат за собирање на средствата.
„Имаме доволно средства за она што ни е потребно за инвестициите, собравме околу 3 милиони евра а очекуваме од 10 до 15 милиони евра, ќе има и регионален фонд кој ќе придонесе, а има и приватни фирми и институции кои треба да придонесат во инвестирањето", вели тој.
Според останатите учесници, резултатите од вториот Глобален инвестициски самит на „Македонија 2025" се видливи и се однесува на размената на знаењата меѓу Македонците кои живеат во земјата, и оние од дијаспората.
„Успехот на самитот е доказ дека можеме да ги проширме овие патишта на размена на знаењата и комуникацијата меѓу луѓето што живеат во Македонија и во дијаспората и пријателите на нашата дијаспора, мислам дека сме на вистинскиот пат да изградиме посилна нација", изјави Зоран Мартиновски, претседавач со Самитот и член на одборот на „Македонија 2025".
Македонија има добра иднина и добри изгледи за успех во повеќе економски сектори, вели и Вера Ставроф, член на одборот на „Македонија 2025".
„Иднината е блескава, имаме голема иднина во автомобилскиот сектор, информатичкиот сектор, но и во фармакологијата, а има и големи можности во земјоделството и текстилната индустрија", изјави Ставроф.
Според претседателот на одборот на „Македонија 2025", Мајк Зафировски, една од главните цели на самитот е да се постигнат конкретни цели за тоа како земјата ќе изгледа во 2025-та година.
„Луѓето зборуваат за промените во свтот, бидете промената што другите сакаат да бидат. Македонија треба да постигне напредок што ќе го движат поедници, но ќе бидат подготвени да работат во екипа, тука сум да помогнам да се изрази послна нација, почнавме со општи изјави, и се надеваме дека ќе помогнеме, и даваме насоки за тоа каква мислиме дека земјата ќе биде во 2025-та година", изјави Зафировски.
Она од што Зафировски е особено задоволен, тоа што и Самитот успеал да донесе фидбек од присутните и од светските компании, и ова треба да биде стимул за подобрување на странските инвестиции.
На вториот глобален инвестицски самит на „Македонија 2025" учествуваа повеќе од 350 гости од над 20 земји, а меѓу звучните компании чии претставници беа присутни беа и Microsoft, Bombardier, Telus, Nokia, Motorolla и Phillips./